Киднапирано и силувано девојче, сега е бремено и забрането и е да абортира

63

Единаесетгодишно девојче од Охајо, САД, останало бремено откако било киднапирано и силувано од 26-годишен маж, а сега е принудена да го задржи бебето поради новиот, контроверзен закон.

Хуан Леон Гомез од Масилон е уапсен поради грабнување на девојчето кое го силувал во неговиот дом. Девојчето е пронајдено во неговиот орман, по што било откриено дека е бремена. Но, таа не може да ја прекине бременоста затоа што минатиот месец со новиот закон е забранет абортус по шестата недела, односно од времето кога може да се открие срцева актицност на фетусот. Исклучок од овој закон не се ни жртвите на силување.

-Улогата на владата треба да биде заштита на животот од почетокот до крајот, изјави гувернерот на Охајо Мајк Девин.

Но, јавноста е поделена. Некои велат дека случајот на ова девојче е пример зошто новиот закон не требаше да биде донесен.

„Охајо навистина стана село. Среќен сум што живеам на брегот во слободна и модерна држава, а не во едно заостанато дувло“, вели еден човек на друштвените мрежи.

Некои држави, како Кентаки и Ајова, минатите неколку месеци гласаа против „законот за срцева акција“, како што беше популарно наречен. Во меѓувреме, Гомес е во притвор каде чека на обвинителен акт, а кауцијата му е одредена на милион долари, пишува „Мирор“.