Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, изјави дека со нетрпение чека да ја запознае својата нова внука, Лилибет, ќерката на принцот Хари и на неговата сопруга Меган Меркл.

„И посакувам се најдобро, едвај чекам да ја запознаам. Се надевам дека тоа ќе биде наскоро“ – изјави Кејт Мидлтон за време на посетата на едно лондонско училиште заедно со американската прва дама, Џил Бајден, на маргините на Самитот Г7.

Лилибет Лили Диана Монтбатен-Винзор, која го доби името по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и по неговата покојна мајка, принцезата Диана, се роди пред една седмица во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

Малата принцеза се роди година и пол откако  Хари и Меган објавија дека отстапуваат од кралските должности што предизвика голема криза во британското кралско семејство.