Легендарниот репрезентативец на Англија, Алан Ширер, е убеден дека капитенот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн, ќе ја промени клупската средина доколку неговиот тим и во следните 12 месеци не освои ниту еден трофеј.
- Претпоставувам дека доколку не освои ништо во следните 12 месеци тој ќе мора да замине од Тотенхем. Мислам дека ќе се обиде уште една година, а ако ништо не се промени кога се во прашање трофеите тој ќе замине, изјави Ширер.
Британските медиуми се почесто ја форсираат шпекулацијата дека одличниот напаѓач сака да направи трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед кој пак ќе мора да одвои околу 150 мил. евра за неговото обештетување.