Келнери од бифето на МВР позитивни на ковид-19

134

Утрово е потврдено дека двајца келнери вработени во бифето во МВР се заразени од коронавирусот. Овие двајца келнери, пренесува мкд.мк деновиве ги послужувале дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Јавна безбедност Сашо Тасевски. Од МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на вработените.

„Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки. Дополнително, утрово од страна на министерот Чулев и дополнителниот заменик на министерот, Петровска е остварен контакт со претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски и со министерот за здравство, Филипче при што е побарано најитно да се направи епидемиолошка анкета на вработените“, велат од МВР.