Кеита во средниот ред

58

Ривалот од англиската Премиер лига, тимот на Лестер, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на искусниот играч за врска од редовите на Ливерпул, Наби Кеита. Поранешниот фудбалер на РБ Лајпциг нема статус на стандарден првотимец и затоа во игра е и опцијата да биде продаден на крајот од актуелната сезона. Неофицијално, челниците на Лестер се подготвени да одвојат околу 30 мил. фунти за услугите на Кеита.