Кевин Дурант со маестрална партија му донесе победа на Милвоки (ВИДЕО)

74

Кошаркарите на Бруклин славеа над Милвоки со 114:108 во петтиот натпревар од полуфиналето на плејофот од Источната конференција и со тоа поведоа со 3-2 во серијата.

Најзаслужен за триумфот на Нетси беше феноменалниот Кевин Дурант, со трипл-дабл ефект од 49 поени, 17 скока и 10 асистенции. Со тоа Дурент стана првиот играч во историјата на лигата кој забележал 45+ поени, 15+ скока и 10+ асистенции на еден натпревар во плејофот. Тој беше поддржан од Џеф Грин, кој постигна 27 поени, додека Блејк Грифин имаше 17 коша.

Јанис Адетокумбо кај Бакс беше најдобар со 34 поени, 12 скока и четири асистенции, додека Крис Мидлтон имаше 25 коша.