Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Шкендија, го доби противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони, откако денешната ждрепка во Нион одлучи тоа да биде естонски Номе Калју.

Евидентно е дека ова ќе биде лесен „залак“ за тетовци, кои по многу нешта се далеку поквалитетни од својот противник.

Првите натпревари се закажани за 9-ти и 10-ти јули, додека реваншите на 16. и 17. јули. Шкендија прво ќе гостува на Балтикот, а потоа ќе игра дома.