КАЈ ФОЛКЕРКАТА ТАТЈАНА ЛАЗАРЕВСКА “Подобро да љуља отколку да жуља”!

174

Македонската фолк пејачка Татјана Лазаревска последните топли денови од австралиското лето ги користи на една од океанските плажи и не се крие да се покаже во костим за капење. Иако е, додуша, подздебелена Таци нема комплекси, па со задоволство ни го покажува стомачето додека се сонча завалена во столицата за плажа. Чудно е што нафрлила вишок на килограми со оглед на тоа дека пејачката ни минута не мирува, па така во изманатиот период беше доста активна на релацијата Австралија-Америка.

Наместо килограмите да и се стопат, таа се даде во зголемување на килажата, добрите јадења, мрсните пити, печено прасечко. И рака на срце, не дека ја критикуваме поради тоа, напротив добро и стои вака да е малку буцкаста. Како што вели онаа народната “подобро да љуља отколку да жуља”!  Д.М.