Кацарска: Во оваа фаза од процесот Нинџа не може да прави спогодби со судот

58

Судиката Добрила Кацарска, која е судечки судија во случајот за настаните од 27 април во Собранието вечерва не сакаше да го коментира приведувањето на дел од лицата кои се сомничат дека се организатори на крвавиот четврток.

– Не би можела ништо да коментирам бидејќи тоа е предмет кој го работи Обвинителството, изјави вечерва Кацарска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека Александар Василевски-Нинџа во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.

– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам, истакна Кацарска