Кафе кино: Спортската комедија „Брит-Мари беше тука“ во Сули ан

91

Шведската спортска комедија „Брит-Мари беше тука“ (Britt-Marie was here), филмско остварување од 2019 година ќе може да се проследи на 24 jули во 21 часот во Сули ан, како дел од програмата на Кафе кино. Режијата на филмот е на Тува Новотни, а улогите ги толкуваат Пернила Аугуст, Вера Витали, Петер Хабер…

Филмот беше номиниран на Гулдбеџ наградите и тоа со номинација за најдобра актерка…

Поентата на филмот е дека никогаш не е предоцна да се почне со живот. Брит-Мари има 63 години и штотуку ги остави зад себе 40 годишниот брак и нејзиниот долг живот како сопруга. Некои велат дека е здодевна пасивно-агресивна тетка, но за неа новата работа во малиот град Борг ќе биде предизвикувачка. Малиот град нема друга гордост, освен младата фудбалска репрезентација, која Брит-Мари започнува да ја тренира. Така започнува патувањето исполнето не само со борби и предизвици, туку и со топлина и љубов…