Кафе и „коронавирус колач“ во Џенова за 1,5 евро/ВИДЕО

189

Додека прехрамбените и останатите намирници исчезнуваат со голема брзина од полиците во италијанските супермаркети, излогот на историската слаткара „Манџини“ во Џенова го красат нови колачиња во облик на коронавирусот.

Колачите се од крцкаво тесто, чоколаден ганаш и крем со арома на цвет од портокал, а во излогот е истакнато дека еден „коронавирус“ и кафе чинат 1,5 евро.

Иако многу луѓе сметаат дека ова е невкусна шега, сопственикот на слаткарата Џакомо Росињоти вели дека сепак „луѓето треба да се пошегуваат и за време на новонастанатиот феномен кој ги одвел сите во параноја“.

Исто така верува дека на овој начин може да ги поттикне луѓето да гледаат на работите позитивно затоа што сите на крајот ќе завршат со – консумирање на храна. Поради тоа, истакна дека додал арома на цвет на портокал затоа што тоа симболизирало надеж.

Џакомо вели дека се надева дека граѓаните наскоро ќе се вратат на своите вообичаени активности и секојдневие, додавајќи дека во центарот на италијанскиот град во последните денови имало околу 30% помалку купувачи.

Росињоти вели дека ја нема и вечерната навика на жителите на италијанските градови, аперитив пред вечера, но на своите клиенти и на туристите им препорачува сред епидемија на вирусот, во неговата слаткарница за изедат по еден сладок „коронавирус“.

Извор: ANSA.it