Кафе-барот „Интермецо“ сам ја отстрани дивопоставената урбана опрема

201

Постапувајќи по решение од Општина Центар, кафе-барот „Интермецо“, во населбата Капиштец самостојно ја отстрани диво поставената урбана опрема, информираше градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својата фејсбук-страница.

Тој апелираше до угостителите и сопствениците на локалите да се придржуваат до законските прописи и правилниците за поставување на урбана опрема.