Катица Јанева ја напушти „Шутка”, спроведена е во куќен притвор

102

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет”, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка” и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците.

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

Од Апелација за МИА информираа дека лекарската документација укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет” на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.