Катица Јанева не отиде на погреб на мајка и – и се слошило во капела

433

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која од синоќа се наоѓа во триесетдневен притвор во истражниот затвор во Шутка, денеска, по добиеното одобрение од Кривичниот суд, беше однесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.

Јанева во капелата на градските гробишта во Гевгелија беше неполни дваесетина минути, по што мораше да замине бидејќи и се  влошила здравствената состојба. Таа не отиде на закопот на мајка си, туку со полициско возило во придружба на полициско комбе е вратена во притворот во Шутка во Скопје.