Катица Јанева и денес куртули од пратениците

113
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Собранието денеска да гласа за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева не помина.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи прва точка на дневен ред да биде разрешувањето на Јанева, согласно веќе усвоената препорака на Комисијата за избори и именување и Советот на јавните обвинители, специјалната обвинителка да биде разрешена. Мнозинството на СДСМ и ДУИ со 58 гласа го одби предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на Kатица Јанева.