Катица Јанева имала и трет телефон?

193
„360 степени“ објави дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева имала и трет телефон, кој синот Лазар го изгубил во Белград. Според изворите, тој апарат најверојатно никогаш не го користела. Инаку, девојката на Лазар Јанев е работно ангажирана во СЈО.
ОЈО за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека со издадено барање  до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронашле мобилниот телефон кај друго лице. Притоа лицето изјавило дека телефонот е добиен на подарок. Пронајдениот мобилен телефон ќе биде даден на вештачење.