Катица се заглави меѓу Заев и Мицкоски!

Според информациите, засега не е предвидена нова работна средба меѓу министерката за правда Рената Дескоска како претставник на власта и адвокатот Тони Менкиновски од името на опозицијата за статусот на Специјалнотот јавно обвинителство. Нова средба може да се очекува откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави својот предлог-закон за обвинителство. Претставникот на опозицијата неодамна за весникот ВЕЧЕР изјави оти предлог текстот може да се очекува во наредниве две недели. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Катица Јанева не е најспорното прашање, туку како што неофицијално се брифира барањето да запрат сите истраги кои СЈО ги отвори по истекот на рокот за поднесување на обвиненија, односно до 30 јуни 2017 година

144

Специјалната обвинителка Катица Јанева е најголемиот камен на сопнување меѓу власта и опозицијата во преговорите за решавањето на статусот на Специјалното јавно обвинителка. Премиерот Зоран Заев е оптимист дека иднината на СЈО, сепак, ќе се реши до крајот на овој месец.

Според него, единственото нерешено прашање е тоа кој да застане на чело на Обвинителството.

– Нема да чекаме до „5 до 12“, мандатот на СЈО истекува до 15 септември. Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име. Тоа треба да го решиме, не заради Европската Унија, заради дома треба да го решиме. Компромисите нема да се прават на сметка на правдата. Работните групи ќе работат, има волја од двете страни, треба да се седне и да се најде компромис час поскоро. Не функционира до крај правосудниот систем во Северна Македонија заради ова нерешено прашање. Не со полн капацитет и со неизвесна иднина, рече премиерот  Заев во гостување на ТВ Клан Македонија.

Лидерот на опозицијата на сите средби кажува дека Катица Јанева е проблем. Во дел од работите на работните групи има напредок, но на одредени детали на членот 105 сме заглавени. Верувам дека идната недела ќе мора нешто да помрднеме,  затоа што до крајот на овој месец треба да имаме одговор –  има решение или не на ова прашање, вели Заев 

Премиерот Зоран Заев изјави дека суштински разлики на работните групи има и  за членот 105.

-За законот за СЈО работите се застанати. Министерката за правда даде информација дека е заглавена работата на членот 105. Лидерот на опозицијата на сите средби кажува дека Катица Јанева е проблем. Во дел од работите на работните групи има напредок, но на одредени детали на членот 105 сме заглавени. Верувам дека идната недела ќе мора нешто да помрднеме,  затоа што до крајот на овој месец треба да имаме одговор –  има решение или не на ова прашање. Бидејќи ако тој не е дел од извештајот на ЕУ за кој ќе се одлучува во октомври, тоа не значи дека нема некој да го искористи како контра аргумент во носењето на одлуката. Но, тоа за мене е секундарно, а примарно е носењето на законот за јавно обвинителство. Ние мора да го донесеме, тоа е дел од правосудството и е наша обврска пред граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев.

Според информациите, засега не е предвидена нова работна средба меѓу министерката за правда Рената Дескоска како претставник на власта и адвокатот Тони Менкиновски од името на опозицијата за статусот на Специјалнотот јавно обивнителство. Нова средба може да се очекува откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави својот предлог закон за обвинителство. Претставникот на опозицијата неодамна за весникот „Вечер“ изјави оти предлог текстот може да се очекува во наредниве две недели.

– Во текот на разговорите по текстот од Министерството имаше одреден напредок, но останаа суштински разлики за членот 105 кој се однесува на продолжувањето на постапките почнати од СЈО, како и на прашања кои се однесуваат на статусот на СЈО. Законот предложен од Министерството содржи одредба дека специјалниот обвинител се избира од Советот на обвинители, така што прашањето за тоа кој ќе го води СЈО е прашање кое не се третира во преговорите за законскиот текст, изјави министерката за правда, Рената Дескоска.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Катица Јанева не е најспорното прашање туку, како што неофицијално се брифира, барањето да запрат сите истраги кои СЈО ги отвори по истекот на рокот за поднесување на обвиненија, односно до 30 јуни 2017 година.

-Ја слушнав изјавата на Зоран Заев дадена веднаш по овие афери, но јас мислам дека на Зоран Заев повеќе нема човек што може да му верува во оваа земја. Затоа што човекот е пред сè дефокусиран, самиот вели сега дека Катица Јанева е каменот на сопнување, минатата недела слушнавме министерската за правда, која што рече дека воопшто тоа не станува збор дека Катица Јанева треба да остане на местото специјален јавен обвинител. Така што апсолутно не станува збор за тоа, туку станува збор за овие суштински разлики, а тоа е разликите по принципите врз кои што треба да се темели еден закон за јавно обвинителска сфера која треба да го издржи тестот за следните десетина години. Така што името на Катица Јанева воопшто не станува збор во вакви разговори, а Зоран Заев редно е да се посвети на она што е важно, а тоа е да одговара пред јавното обвинителство, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓународната заедница веќе апелираше власта и опозицијата да дадат итност на прашањето и дека договор за СЈО и за законот за обивнителство да има до крајот на јули. Септември или октомври би можело да биде предоцна, предупредија дипломатите, со оглед на фактот што законот за јавно обвинителство е услов за добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ.