Катица не избега, шета по Аеродром

179

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот фејсбук профил објави дека вчера, обвинителката Катица Јанева е видена во слаткарницата „Палма“ со две другарки. Како што објавува новинарката на нејзиниот фејсбук профил, специјалната обвинителка била заедно со две другарки.

„Катица Јанева, вечерва, забележана е у ,,Палма” со две другарки – плавуша и црна. Облечена во црно, со наочари на глава. Од неофицијални извори кои оттаму поминувале.
,,Боледувала” со тулумба или ,,шампита”, сеедно“, пишува Јоци на социјалната мрежа.

Таа вчера попладнето отвори боледување, а во СЈО не се појавила цела недела.