Катастарот прави адресен регистар, граѓаните да дозволат да им се снимаат куќите

442

Агенцијата за катастар на недвижности почна со теренско собирање на податоци во функција на воспоставување Графички регистар на улици и куќни броеви, кој треба да прерасне во Адресен регистер за целата територија на државата и да содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, прибрани од терен, поединечно по населено место.

Собирањето на податоците почна вчера во општините Лозово, Градско и Неготино и ќе трае до 27 овој месец. Во Кичево активностите ќе се одвиваат од утре до 19 февруари, во Куманово од 28 овој месец до 13 април, во Битола од 24 февруари до 4 мај, во Центар Жупа од 20 до 26 март, во Дебар од 26 март до 10 април, во Македонска Каменица од 14 до 28 април, во Кочани од 28 јануари до 2 март и во Гостивар од 10 февруари до 2 април.

-Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, упатува апел до жителите од овие населени места, во наведениот период да им излезат во пресрет на екипите кои ги прибираат теренските податоци, да им ги дадат потребните податоци и информации и да им овозможат фотографирање на објектите, соопштуваат од катастарот и додаваат дека со ова ќе се соберат просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви на лице место и ќе се добие јасна слика која улица каде се наоѓа и кои куќни броеви се однесуваат на неа, како и во кое населено место.