Катарски инвеститори го купуваат Манчестер јунајтед

49

Понуда во износ од околу четири милијарди евра подготвуваат група инвеститори од Катар за да го купат премиерлигашот Манчестер јунајтед, кој од 2005 година е во сопственост на американското семејство Глејзер.

Како што јавуваат британските медиуми, катарската понуда ќе пристигне на адреса на клубот од „Олд Трафорд“ во следните денови.

Семејството Глејзер во ноември лани најави дека ќе го продаде Јунајтед, а понуди од заинтересираните страни ќе чека до средината на овој месец.

„Инвеститорите од Катар сакаат да го купат Манчестер јунајтед, бидејќи овој клуб го гледаат како совршен фудбалски проект. Катарските инвеститори се уверени дека нивната понуда ќе биде најповолна“, пишува лондонски „Дејли мејл“.

Според истиот извор, сумата која катарските инвеститори се подготвени да ја платата за да ја преземат сопственоста врз Јунјатед ќе биде околу четири милијарди евра.