Пејачката Катарина Живковиќ открива дека заминала многу млада од дома и се запишала во средно медицинско училиште поради нејзината мајка, со цел да продолжи таму каде што таа застанала. Сепак, и покрај добриот успех и предметите што ги сакаше, сфати дека тоа не е нејзиниот повик. Пејачката зад себе има бројни хитови, концерти и настапи, а како што вели, отсекогаш сакала да пее.

– Почнав да пеам и да заработувам пари на многу рана возраст. Кога се запишав во средно медицинско училиште и заминав од Лесковац, на некој начин го сторив тоа поради мајка ми затоа што сакаше да продолжам таму каде што мајка ми застанала, таа сметаше дека ќе завршам факултет и ќе станам можеби лекар. Мене тоа воопшто не ме  интересираше, бев добра ученичка затоа што не сакав да имам лоши оценки. Медицината не е моја голема љубов, сакав некои предмети како педијатрија, патологија, микробиологија, но знаев дека никогаш нема да се занимавам со тоа. Од основно училиште знаев дека музиката е мојот повик. Имаше натпревар и ете станав пејачка, открива таа.

Таа во 2007 година беше учесничка во натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“ и беше една од десетте пејачки кои добија песна и договор со Гранд продукцијата. Освен тоа таа победи во првата сезона на „Задруга“, a е победник и во реалното шоу „Фарма“, кое се емитуваше од страна на истата продукција, пред „Задруга“. Па се осврна и на тој дел. Таа  вели дека сега би ѝ било срам да влезе во такви шоуа и смета дека нејзината интимност нема цена. Додека порано било поразлично, натпреварувачите биле поспонтани и свои, а по нејзиното учество во „Фарма сè се сменило. Сè започнало со тактики, исценирани љубовни врски и расправии со цел да се дојде до прво место.