КАТАКЛИЗМИЧНИ СЦЕНИ од регионот: Силно невреме во Хрватска и делови од Србија, еден загинат/ВИДЕО

112

Разорно невреме проследено со силен ветер ја зафати Хрватска и ја однесе првата жртва.

Сплитските пожарникари интервенирале повеќе од 40 пати во текот на ноќта поради штетите направени од силниот ветер кој уривал цели конструкции, кршел дрвја и гранки.

Биле извршени повеќе интервенции вклучувајќи отстранување на лим од покривите кои се закануваа да паднат на земја поради ветерот и да ја загрозат безбедноста на минувачите.

На удар на силниот ветер кој дуваше со брзина и до 80 километри на час, беше и северот на Србија со нејзините централни региони и планини.

Издадено е и портокалово предупредување за подрачјето на Риека, Сплит и Дубровник, западниот брег на Истра и Кварнер поради силно и многу силно невреме.