Касата, омилениот десерт на Сицилија

205

Оваа традиционална сицилиска торта е фантазија од состојки карактеристични за италијанската кујна, а главната состојка е рикотата. Како круна на тортата е кандираното овошје.

Потребно е:

За пандишпанот

  • 6 јајца
  • 2/3 шолја шеќер
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 1 шолја сенамеснко брашно

Шеќерен сируп

  • ¾ шолји топла вода
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици ликер од портокла3 шолји рикота

Глазура

  • 11/2 шолји шеќер во прав
  • ½ лимон, исцеден
  • ½ лажиче екстракт од лимон
  • Кандирано овошје, за украсување

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Намачкајте го тавчето за печење со путер. За пандипшанот изматете ги јајцата со миксер, додадете го шеќерот па рендандата кора од портокал и продолжате да матите околу 15 минути. Сипете го тестото во тавчето за печење и печете го околу 25-30 минути.

За да го направите сирупот измешајте ¾ шолја топла вода со шеќерот и ликерот. Мешајте го сирупот додека да се растопи шеќерот.

За да ја обликувате касатата исечете ја тортата на два дела по должина во средината. Исечете ги краевите. Прелејте го секој дел од тортата со сурупот. Намачкајте го првиот дел со рикотата. Покријте го со другото парче торта и потоа премачкајте го и тоа одозгора со рикота.

Завиткајте ја тортата со пластична фолија и оставете ја во фрижидер најмалку еден час.

За глазурата измешајте ги шеќерот во прав и сокот од лимон, додадете малку вода по потреба а да добиете мазна, сјајна глазура.

Премачкајте ја тортата со тенок слој глазура и на крајот украсете ја тортата со кандираното овошје.

Повторно вратете ја тортата во фрижидер да се лади најмалку три часа, а потоа служете ја.