Касами го прогласи Тетово за главен град на Албанците во Македонија, од општина Тетово појаснија

295
фото: Општина Тетово Фејсбук

Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Тетово oд партијата БЕСА, Билал Касами.

Објавата на градоначалникот Билал Касами наиде на бројни реакции во јавноста и од дел од политичките партии. Осуда на ваквата објава на градоначалникот на Тетово упати ЛДП, како и од тетовскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

Општинската организација на СДСМ од Тетово му порача на градоначалникот Биљал Касами дека не треба да фаворизира една етничка група кога зборува за градот.

Во соопштението од Општина Тетово се појаснува дека градоначалникот Билал Касами одржал средба со градоначалниците на општините во Косово и со градоначалникот на оптина Бујановац (Србија) на која Касами „го истакна фактот дека Тетово како важен туристички и економски центар ги нуди сите можности и изразува подготвеност заедно со општините на Косово и Албанија да аплицираат во ИПА фондовите за реализирањето на проекти“.