Картонска чинија на Курт Кобејн продадена на аукција за 22.000 долари

133

Употребена картонска чинија на која фронтменот на групата „Нирвана“ Курт Кобејн запишал список на песни е продадена за 22.400 американски долари на аукција во Њујорк.
Акукциската куќа Џулиен’с проценила дека картонската чинија ќе се продаде за околу 2000 долари.

Кобејн со црн фломастер  го напишал списокот на песни пред концертот во 1990 година во Вашингтон.


На истата аукција, џемперот кој Кобејн го носеше на последната фото-сесија пред самоубиството во 1994 година е продаден за 75. 000 долари.