Картичките за паркингот на „Сити мол“ од сабота деактивирани

134

Од Општина Карпош ги информираат корисниците на паркинг картичките од паркингот на „Сити Мол“ дека нема да можат да ги користат по 31.03.2023 година бидејќи Советот на општината не донесе одлука за продолжување на договорот со СЦМ „Ретаил“ ДООЕЛ Скопје.

– Градоначалникот Стевчо Јакимовски во три наврати ја ставаше оваа точка на дневен ред за гласање на Советот ( на 12,17 и на 18 седница), но три пати советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и независните советнички гласаа против продолжувањето на договорот. Од тие причини паркинг картичките ќе бидат ќе бидат деактивирани од 1 април 2023 година – соопштија од локалната самоуправа.