Картичките за купување домашни производи ќе ги издаваат сите банки, со нив ќе се пазари, а ќе може да се плаќаат и комуналии

Платежните картички, наменети за купување само домашни производи, ќе ги издаваат банките. Граѓаните кои имаат право да ги добијат нема да отвораат нова трансакциска сметка, а со нив ќе може да се пазари и кога постојната сметка е блокирана. Но, ќе мора да се искористат во одреден рок. Картичките, според наши информации, ќе бидат бренидирани со различни дизајни. Ќе се користат во маркети за домашни производи, во угостителски објекти, во фризерници и кај сите услужни дејности. Картичките ќе бидат бесконтактни и ќе можат да се користат и за он лајн нарачки од домашни трговци. Со нив дури ќе може да се плаќа струја, вода и други комуналии. Но нема да може да се подига кеш. Платежните картички, наменети за купување само домашни

1577

производи, ќе ги издаваат банките. Граѓаните кои имаат право да ги добијат нема да отвораат нова трансакциска сметка, а со нив ќе може да се пазари и кога постојната сметка е блокирана. Но, ќе мора да се искористат во одреден рок.

Ова се неколкуте досега познати детали во врска со оваа мерка на Владата која е дел од третиот сет антикризни мерки, а ги откри министерката за финансии Нина Ангеловска. Како што е познато, картички со 9.000 денари им следуваат на невработените кои имаат приходи под 15.000 денари, а со нив ќе можат да плаќаат само домашни производи и услуги. Картички со 3.000 денари за истата намена им следуваат и на семејствата со вкупни приходи под 15.000 денари, а заедно со нив тие ќе добиваат и ваучер од 6.000 денари за летување во домашни капацитети.

-Намерата на Владата е секоја банка да може да ја издава картичката за реализација на оваа мерка. Целта е на наједноставен начин да се имплементира ова решение, чија главна цел е поттикнување на приватната потрошувачка на македонски производи и услуги, но во крајна смисла и поттикнување на безготовинското плаќање и на борбата против сивата економија, рече Ангеловска.

Таа прецизира дека сивата економија всушност се случува со плаќање во готово, а картичките кај нас, според објавените податоци, недоволно се користат.

-Секоја земја веќе посегнува да се дигитализира, оди кон кешлес општество и безготовинско општество и тоа е таа визија која е прикажана и низ овој пакет. Кога тие 300.000 граѓани ќе добијат платежна картичка, средствата ќе се насочат кон погодените сектори. Кога тие ќе почнат да плаќаат безготовински на одредени шифри на дејности, технологијата ни овозможува и идентификација средствата и тие да завршат кај што треба и кај правилниот човек и кај правилниот сектор и кај правилната индустрија и компанија, информира министерката.

Инаку картичките, според наши информации, ќе бидат бренидирани со различни дизајни. Ќе се користат во маркети за домашни производи, во угостителски објекти, во фризерници и кај сите услужни дејности. Картичките ќе бидат бесконтактни и ќе можат да се користат и за он лајн нарачки од домашни трговци. Со нив дури ќе може да се плаќа струја, вода и други комуналии. Но нема да може да се подига кеш.

Платежни картички се предвидени и за младите и студентите, кои со нив, како што е замислено, ќе плаќаат и партиципација за студирање, за легло во студентски домови и за ИТ-обуки. Со вакви картички за купување на домашни производи за 20 проценти ќе се зголеми и платата на медицинскиот персонал од инфективните одделенија и од итната помош.

Инаку, една од причините поради која оваа година македонската економија според сите прогнози ќе оди во минус е токму падот на личната потрошувачка поради економската криза. Во структурата на БДП, како што појасни Ангеловска приватната потрошувачка придонесува со 65 отсто, а со оваа мерка таа се поттикнува.

Поранешниот министер за финансии и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, на ова понудено решение од Владата гледа со скепса. Тој вели дека не е системско, иако во борбата со корона-кризата го примениле многу земји. Забележува и на начинот на кој ќе се спроведува оваа мерка, на тоа кој ќе ги користи ваучерите и прашува дали ќе ги користат навистина оние за кои се наменети и дали постои опасност да се препродаваат.

– Имено, дури и самиот наратив, самиот настап на промоторите на овие мерки би требало да биде малку поскромен. Знаете зошто би требало да биде поскромен? Прво затоа што трошиме пари на граѓаните на Република Македонија и второ трошиме пари кои во моментов ги немаме, истакна тој.

Инаку, како што деновиве најави владиниот економски советник Фатмир Битиќи постапката  за аплицирање за картичките ќе се утврди во следните две до три недели. Но, според него, таа ќе биде едноставна, без многу административни процедури.

(С.В.)