Иако се претпоставуваше дека Кармело Ентони би можел да се врати во екипата на Њујорк, сепак тој на крајот одлучи да остане во Портланд, тим во кој ја оживеа својата кариера. Популарниот Мело ќе потпише едногодишен договор и со тоа ќе биде дел од перспективната екипа која повторно ќе се бори за што подобар пласман во НБА-лигата заедно со Јусуф Нуркиќ. Минатата сезона во натпреварите од плејофот Кармело бележеше по 15.4 поени и 6.3 скокови по натпревар.