Главниот тренер на шпанскиот тенисер Рафаел Надла, Карлос Моја, нема да го следи својот пулен на првиот грен слем турнир сезонава Австралија опен. Планот беше Моја да допатува дополнително во Мелбурн, но австралиските власти не го дозволија.

-По разговор со Рафаел одлучено е да не патувам со тимот во Австралија. Намерата ми беше да бидам со тимот од почетокот на Австралија опен како и обично, но австралиските власти не одобруваат одвоено патување, така што не можам да стигнам на почетокот на турнирот, изјави Моја.

Моја додаде дека турнирот ќе го следи од дома и ќе остане со семејството заради деликатната ситуација со коронавирусот. Надал и Моја својата соработка ја започнаа во 2017 година.