Популарната пејачка Теодора Џехверовиќ достигна јубилејни милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. По тој повод таа своите фанови ги почести со неодолива фотосесија, во знак на благодарност.

– Ви благодариме што верувавте! Ви благодарам што ме прифативте! Благодарност до сите што барем еднаш ја пуштија мојата песна и дојдоа на мојот настап. Благодарност до оние кои ме избраа да бидам нивен пример! Не слушајте ја вашата околина, не дозволувајте да ве ограничува, слушајте го срцето и запомнете дека небото е граница! Ви благодарам од сесрце за сè, напиша сексапилната пејачка.

Теодора Џехверовиќ / Фото: Инстаграм

Споменатата пејачка беше поддржана од многу колеги, но не беа сите позитивно настроени за овој нејзин успех. Една од нив е Јелена Карлеуша, која го коментираше успехот на Теодора на оваа социјална мрежа и тоа  без влакна на јазикот.

Објавата на Карлеуша / Фото: Инстаграм

– Зошто ликовите со тригодишна полукариера купуваат милиони следбеници на Инстаграм и Јутјуб кога сите можат да видат дека само Азијати со балканско име и нула објава ги коментираат? Во таа шега на лажна слава, лажна дизајнирана гардероба, туѓи автомобили, куќи и базени – нема заработка ниту цента, освен лечење на комплекси на помала вредност и болна безначајност,  напиша Карлеуша на својата платформа. (М.А.)