КАРЛЕУША ГО МОЛИ СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ:Господине Вучиќ, запрете го ова лудило, поради моите деца и болната мајка!

136

“Пред се таа е психопат, а јас сум подготвен тоа да го докажам. Никого не сум бркал, ниту присилувал. Се беше на обострано задоволство. Пресветата Јелена сега глуми силна жена, а преку пријатели и познаници моли и плаче….. изјавува тетовираниот фудбалер Вранеш

Лудилото во врска со секс-скандалот врзан со името на мегапопуларната Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Вранеш отиде предалеку…..нема медиум на просторите на поранешна Југославија кој не пишува за ова и кој не објавува голи слики од Карлеуша и голи слики од фудбалерот кој очигледно се намерачил да и го растури бракот на пејачката со неговиот колега, фудбалерот Душко Тошиќ.

Но, познатиот фудбалер Вранеш им се обрати и на српските медиуми се со цел да ја разјасни настанатата афера со Карлеуша: -Почитувани, веднаш да ви кажам дека би испаднал џентлмен и не би потегнал вакви потези, доколку не бев изложен на тортура и обвинувања како и закани до моето семејство од страна на госпоѓата и господин Карлеуша. Со оглед дека се подготвени на се, во моја одбрана и одбрана на моето семејство подготвен сум да кажам и да ја докажам вистината. Јелена и јас се запознавме преку социјалната мрежа Инстаграм пред две години, кога започна нашата врска. Таму разменивме броеви и влеговме во целата оваа ситуација. За тие две години доживеавме и преживеавме се и сешто. Од заеднички патувања, гостувања кај мене во Атина и гледање на разни мести, па дури и во нејзиниот дом. Си разменувавме твитови и разни работи.

Во целата таа работа имаше и помалку убави работи. Пресветата Јелена глуми силна жена и важна личност, а преку пријатели и познаници моли и плаче. Тоа е карактеристично за Госпоѓата кога нешто ќе и биде потребно. Да заклучам: јас ја демантирам целата работа и не сум тој кој го изнесе валканиот веш. Јас ниту сум фан, ниту платеник, ниту психопат како што таа сака да ме претстави. Пред се тоа е таа, а јас сум подготвен тоа да го докажам, затоа што имам докази. Никого не сум бркал ниту присилувал. Се беше доброволно и на обострано задоволство. Па, според тоа господин Тошиќ и госпоѓа Карлеуша виновниците барајте ги меѓу вас самите, не кај мене. Доцна се сетивте за патетика и спинувања. Мене ми е многу жал за моето семејство кое е изложено на сето ова, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа и да се заштитам себе си и моето семејство од понатамошни обвинувања. За почеток еве само еден доказ за тоа што го зборувам. Со почит Огњен Врањеш! Денес после се ова, Карлеуша помош побарала дури и од српскиот претседател Александар Вучиќ. Еве за што го моли пејачката Шефот на српската држава:

– Господине Вучиќ дали може јавно да ве замолам да ми помогнете и да го запрете ова лудило и неправда во медиумите? Ако не поради мене, барем поради моите деца, сопругот, болната мајка… Ве молам. Отиде се предалеку! Сепак, српските и добар дел од балканските медиуми тука не застанаа. По објавените секси фотографии од Карлеуша, во јавноста ги обновија и озборувањата за нејзиниот претходен скандал додека била во брак со Бојан Кариќ. Станува збор за наводно неверството кое Карлеуша го направила пред десет години, кога Кариќ ја фатил во кревет со нивниот телохранител. По избивањето на тој скандал, тие се развеле, а пејачката се оправдуваше дека скандалот и бил наместен само затоа што семејството Кариќ воопшто не ја сакале за снаа, а гледајќи што побргу Бојан да го разделат од Јелена Карлеуша во што успеале…….  (Д.М.) фото:ФБ, Инстаграм, Интернет-Гугл