EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Тимот на Голден стејт доби лоши вести откако пристигнаа резултатите од магнетната резонанца на Стеф Кари. Најдобриот кошаркар на „воините“ има делумни руптури на лигаментите на коленото и набиена потколеница поради што се очекува да отсуствува најмалку една недела.

Претходно, инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија, откри дека Кари се очекува да пропушти неколку недели, како и Ол-стар натпреварот во НБА лигата.

Кари ја повреди ногата во третата четвртина на натпреварот против Далас (119:113) како последица на судир со Мекинли Рајт.