Кошаркарот на Бруклин Кари Ирвинг е еден од ретките НБА-играчи кој јавно кажа дека одбива да се вакцинира, поради што се шпекулираше дали ќе му биде дозволено да игра за својот клуб, но на крајот сепак ќе биде во составот.

  • Бог ме штити, како и луѓето блиски до мене. Ние сме заедно во се, напиша Ирвинг.

Ирвинг тренираше минатата недела со тимот во Сан Диего, додека ги пропушти првите тренинзи во Њујорк бидејќи тој град бара да се прими барем една доза од вакцина за да се добие лиценца за тренирање во затворени простории.