Кариус го пријави Бешикташ во ФИФА

71

Голманот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Лорис Кариус, кој моментално е позајмен на турскиот гигант Бешикташ, презеде правни дејства против моменталниот клуб турскиот клуб кој според неговиот исказ му нема дадено плата за изминатите четири месеци.

Пред еден месец, Кариус ги информирал челниците во ФИФА, а пред десет дена истекол крајниот рок, определен од голманот за да му биде исплатено тоа што му се должи. Престојот на Кариус во Турција стана вистински кошмар откако навивачите и тренерот Шенол Ѓунеш се свртеа против него. Тренерот го критикуваше јавно за своите грешки против Коњаспор и рече дека Кариус се уште е стартер, само затоа што ветеранот Толга Зелгин во моментов не е достапен.