Карди Б е божицата на црвениот тепих

81

Доделувањето на Греми наградите секоја година е спектакл, а за тоа придонесуваат и модните креации кои можат да се видат на црвениот тепих. Сепак, на овој настан, акцентот не е на свечените и елегантни фустани туку на што поекстравагантни и полуди креации. Едните озборуваат, другите се воодушевени, а третите, како Карди Б, едноставно доминираат.

Раперката која ја доби наградата за најдобар рап-албум “Инвазија на приватноста”, воопшто и не помислуваше некој друг да биде во центарот на вниманието. На црвениот тепих, таа се појави во фустан кој изгледа како комбинација на убава сирена и Венера на Ботичели. Величествената креација беше надополнета со крената коса надополнета со бисери, па се беше во согласност со темата.

Таа беше вистинско изненадување на вечерта, стана Венера и апсолутна божица на црвениот тепих, но и на животот, бидејќи на доделувањето се појави со својот сопруг, иако неколку месеци претходно објави дека се разведуваат.

Како и да е, таа беше апсолутен победник во оваа модна (и музичка) конкуренција.