Карваљо е зимски приоритет

796

Англискиот премиерлигаш Лестер ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на португалскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Бетис, Вилијам Карваљо. Одличниот играч за врска игра совршено во актуелната сезона и сосема очекувано го привлече вниманието на раководните лица на Лестер кои се подготвени да одвојат околу 30 мил. фунти за обештетувањето на поранешниот фудбалер на Спортинг од Лисабон.