Караско како летно засилување

66

Белгискиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Јаник Фереира Караско, е дефиниран како летен приоритет од страна на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона. Шпанските медиуми открија дека Караско би требало да се пресели на „Ноу Камп“ за време на летниот преоден рок и дека раководните лица на Атлетико (М) од неговата продажба очекуваат заработка не помала од 20 мил. евра.