Карантинот во Србија е скратен на пет дена

    46

    Регионалните заводи за јавно здравје во Србија вечерва добија известување дека карантинот се намалува од 10 дена на пет.

    Според српските медиуми во Заводот за јавно здравје во Белград, дури и ако PCR тестот е негативен, карантинот мора да трае пет дена по контакт со заразено лице.

    Исклучени од карантин се оние кои се вакцинирани со втората и третата доза пред максимум 210 дена од последната доза, како и оние кои имаат доказ за прележан ковид издаден пред најмалку 14 и не постар од 210 дена.

    Кога станува збор за изолација, на која подлежат пациентите, иако терминот често се заменува со карантин, се уште нема официјални упатства.