Тие мислат дека можат ем да влезат во ЕУ, ем да зачуваат својата антибугарска суштина и реторика. Тоа нема да се случи. Ова го изјави во утринската емисија на БТВ бугарскиот министер за одбрана и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов за влезот на македонија во ЕУ.

– Добро ги познавам сите македонски политичари, со некои од нив сум пиел и ракија на маса. Македонските политичари на маса се добри Бугари, но јавно започнуваат да објаснуваат дека е многу сложено, изјави тој.

Каракачанов подготвил две варијанти за позицијата на Бугарија во однос на Македонија, што ќе ги претстави на следната седница на Владата.