Каракачанов стана дедо: Внукот ќе се вика Гоце Делчев!

36

Претседателот на бугарското ВМРО и поранешен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов по втор пат станал дедо, а внукот ќе го крстеле Гоце Делчев.Контроверзниот политичар веста ја објави на социјалните мрежи.

Станав дедо на малиот херој кој ќе го носи легендарното историско име Георги Николов Делчев. Истото име го носи и големиот војвода Георги (Гоце) Делчев.

Дури и на скопските манипулатори веќе треба да им биде јасно чиј е Гоце Делчев!

 

На малиот Џорџ му посакувам здравје, сила и храброст!, стои во објавата на Каракачанов.

Во соопштението се додава дека внукот е од неговата ќерка Деница и неговиот зет Никола, а неговото име – историско.