Канте е (не)реална желба

49

Шпанскиот гигант Реал (М) и актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, добија сериозна конкуренција во италијанскиот калчолигаш Интер кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Н’Голо Канте. Се погласни се шпекулациите дека лондонските „сини“ сакаат да стават крај на соработката со францускиот интернационалец кој ќе биде продаден ова лето доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 70 мил. фунти.