Кански фестивал: Ален Делон ја прими наградата за животно дело

143

Францускиот актер Ален Делон (83) вчеравечер ја прими наградата за животно дело на Канскиот филмски фестивал.

Почесната Златна палма (Палм д’Ор), Делон ја заслужи со кариерата долга шест децении. Наградата му ја врачи ќерката Анушка Делон. „Едно нешто за коешто сум сигурен и на кое сум горд – е мојата кариера. И оваа награда која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет“, рече Делон на врачувањето.

Роден во 1953 година, овој актер сними повеќе од 80 филмови. Негово прво остварување е „Леопард” на Лукин Висконти во 1963 година. Тој спаѓа меѓу најголемите актери на европската кинематографија. Наградата му се додели за „фантастичната присутност во историјата на филмот“.