Канаѓанецот Андре Де Грас со национален рекорд го освои златото на Игрите во Токио, откако трката на 200 метри ја истрча за време од 19.62.

Де Грас до златото стигна со подобрата завршница од Американците, Кенед Беднарек и Лајлс кои завршија на другите две места на подиумот.

Беднарек трката ја заврши за 19.68 секунди, а Лајлс низ целта помина за 19.74.