Канадски државјанин бил приведен на скопскиот аеродром

24

Канадски државјанин бил приведен на скопскиот аеродром поради пречекорување на дозволениот престој во државава.

– На Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на излез од државата бил приведен Д.З.Д.(29) од Канада. При извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.