Канадските камионџии го принудија премиерот да побегне на тајна локација

28

Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговото семејство ја напуштија Отава и беа преместени на тајна локација поради заканите на кои беше изложен Трудо.

На ситуацијата и претходеше одлуката на властите за правилата за минување на границата со САД, која особено ги засега камионџиите.

Во знак на протест дека се бара тестирање и карантин доколку не се вакцинирани, тие со денови кампуваат пред собраниската зграда.

Во еден момент камионџии упаднаа во зградата на парламентот, незадоволни од тоа што им се бараше вакцинирање како услов за влез во САД, но и ставени во карантин по враќањето во Канада.

Припадниците на безбедносните сили го предупредија премиерот дека неговото семејство е загрозено, поради што е неопходно префрлање на тајна локација.

Претходните денови гневните демонстранти маршираа низ улиците на Отава, а цела ноќ кампуваа пред кабинетот на премиерот.

Ескалацијата настана кога дел од незадоволни граѓани му се заканија на премиерот и неговото семејство.

Иако засега не е познато каде точно се наоѓа Трудо, постои претпоставка дека се работи за САД, а неговиот кабинет не сакаше да ја коментира локацијата, поради заштита на премиерот и неговото семејство.

„Тој е изолиран, но продолжува да ја извршува функцијата од далечина“, соопштија од кабинетот на Џастин Трудо.

И по преселувањето на Трудо и неговото семејство, незадоволните граѓани продолжија да протестираат на улиците на Канада.

Тие паркираа камиони пред зградата на парламентот и маршираа носејќи копии од Повелбата за правата и слободите, додека неколку носеа транспаренти на кои пишуваше „Боже, чувај ја нашата земја славна и слободна“.

Десетици илјади Канаѓани учествуваа на собирите кои траеја цел викенд. Полицијата во Отава беше на терен неколку пати и ги предупреди бесните камионџии дека ќе бидат отстранети сите возила што ги блокираат лентите за брза помош.

Иако голем број полицајци постојано се на улиците, сè поголем број возачи на камиони пристигнуваат од многу делови на Канада.

Канадските власти воведоа нови правила за возачите на камиони, кои се во сила од 15 јануари. Според мерките, сите возачи на камиони кои не биле вакцинирани мора да се тестираат за корона вирусот, но и да бидат во карантин кога ќе се вратат од САД.

Не смеат да влезат во Соединетите Држави освен ако не се вакцинирани, а американските возачи не смеат да влезат во Канада освен ако покажат потврда за ковид.

Трудо протестот на камионџиите го оцени како револт на неколку незадоволни граѓани, нагласувајќи дека речиси 90 отсто од Канада е вакцинирана.

Сепак, камионџиите ја нарекоа нивната борба „конвој на слободата“ и рекоа дека нема да се откажат од намерата да ја принудат владата да ги промени правилата.

„Во моментов сум затворен во мојата земја. Не можам да одам на одмор. Не можам да одам во ресторан, не можам да одам на куглање. Не можам да одам во кино. Знаете, тоа се работи кои излегоа од контрола“, рече камионџијата Том Папин.

Според него, учесниците на протестот ќе останат паркирани пред Собранието се додека не се укинат правилата за минување на границата.