Канада санкционира 38 физички лица и 16 субјекти поради ширење руска пропаганда

57

Канада денеска воведе санкции против 38 поединци и 16 ентитети кои „учествуваат во ширењето на руската дезинформација и пропаганда“.

На санкционираната листа, меѓу другите, се и руската државна медиумска групација МИА Расија Сиводња, како и пејачот Николај Викторович Басков, кој учествуваше на провоен концерт во Москва, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Канада, пренесува Ројтерс.