Канада повеќе нема да ги обезбедува Хари и Меган

62

Канада веќе нема да дава безбедносни услуги на британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската Влада, откако двојката се откажа од улогата на високи членови на британското кралско семејство.

„Бидејќи војводата и војвотката во моментов имаат статус на меѓународно заштитени лица, Канада има обврска да им пружи помош во обезбедување по потреба. Помошта ќе престане во наредните недели, во согласност со промената на нивниот статус”, се вели во соопштението на канадската Влада.

Кралската канадска полиција и помагаше на лондонската Метрополитен полиција во врска со обезбедувањето на војводата и војвотката од Сасекс повремено од ноември кога тие го почнаа шестнеделниот одмор во Канада, се наведува во соопштението на федералната канцеларија на министерот за јавна безбедност.

Меѓутоа, откако Хари и Меган не се сметаат за високи членови на британското кралско семејство, тие натаму нема да добиваат обезбедување платено со јавни пари, кое се проценува дека чини повеќе милиони долари.

Извор:МИА