Кам-бек на Жозе Мурињо

40

Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Интер, го привлече вниманието на спортската јавност со изјавата дека контроверзниот португалски стручњак Жозе Мурињо, сака да се врати на “Џузепе Меаца”.

Актуелниот предводник на “нероазурите”, Лучијано Спалети е на удар поради очајните резултати на домашната сцена и се погласни се шпекулациите дека ќе добие отказ доколку Интер не слави во саботниот дуел против екипата на Парма.

Освен името на “специјалниот”, во игра за тренерската функција е и поранешниот играч на Интер, Естебан Камбиасо, кој би бил само привремено решение.