Кам-бек на Ел Шарави

53

По пауза од неколку години, повремениот репрезентативец на Италија, Стефан Ел Шарави, повторно ќе го облече дресот на калчолигашот Рома. Искусниот напаѓач во изминатите неколку години настапуваше во кинеската Суперлига, а според медиумите на Апенинскиот полуостров, поранешниот фудбалер на Џенова и Милан, во следните неколку дена и официјално ќе биде преставен како најнова зимска аквизиција на римската „волчица“.