Кампања за штетноста од неправилното одлагање на отпадот 

151

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ почна кампања за подигнување на јавната свест за штетноста од неправилното одлагање на отпадот, што резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина.

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева упати пораки за совесно постапување со отпадот и ги информира граѓаните за можноста бесплатно да го депонираат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.